Му дадовме заклетва на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека ќе бидеме послушни и ќе му се покоруваме во тешкотии и при леснотии, во расположение и во…

Му дадовме заклетва на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека ќе бидеме послушни и ќе му се покоруваме во тешкотии и при леснотии, во расположение и во работи кои не ни се по волја, како и во случаи кога другите се привилегирани над нас

Од Убадете ибн Ес-Самит, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Му дадовме заклетва на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека ќе бидеме послушни и ќе му се покоруваме во тешкотии и при леснотии, во расположение и во работи кои не ни се по волја, како и во случаи кога другите се привилегирани над нас (па ќе биде ускратено нашето право), и дека нема да се бориме да ја одземеме власта од нејзините носители, и дека ќе ја зборуваме вистината каде и да се наоѓаме, без да се плашиме, на Аллаховиот пат, од ничиј прекор.

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот ﷺ зеде обврска и завет од асхабите за покорност кон водачите и владарите кога е лесно и кога е тешко, во богатство и сиромаштија, без разлика дали нивните наредби се во согласност со желбите на душата или не. Дури и ако водичите присвојат (бесправно) јавни добра, функции или слично, сепак е обврска да им се укаже послушност и покорност во она што е согласно со доброто и исправното, и да не се крева бунт против нив; бидејќи искушенијата и нередот што настануваат со борба против нив се поголеми и потешки од неправдите што ги вршат. Исто така, меѓу обврските кои ги презедоа е да ја кажуваат вистината на секое место, искрено заради Аллах, без да се плашат од било чиј кој прекор.

فوائد الحديث

Плодот на послушноста и покорноста кон водачите е единството на муслиманите и отфрлањето на поделбите.

Задолжителната послушност и покорност кон водачите, освен во она што е грев кон Аллах, при леснотии и потешкотии, при благопријатност и непријатност, како и при самоволното присвојување на добрата од нивна страна.

Обврска за кажување на вистината каде и да се наоѓаме, без да се плашиме, на Аллаховиот пат, од ничиј прекор.

التصنيفات

Шеријатска политика, Побуна против владателот