إعدادات العرض
„Не се прави штета, ниту се возвраќа со правење штета, а кој ќе направи некаква штета, Аллах ќе му наштети, а кој на другите им отежнува, Аллах нему ќе му отежне
„Не се прави штета, ниту се возвраќа со правење штета, а кој ќе направи некаква штета, Аллах ќе му наштети, а кој на другите им отежнува, Аллах нему ќе му отежне
Од Ебу Сеид ел Худри, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не се прави штета, ниту се возвраќа со правење штета, а кој ќе направи некаква штета, Аллах ќе му наштети, а кој на другите им отежнува, Аллах нему ќе му отежне."
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español Français Bahasa Indonesia Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Kurdî Hausa Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili فارسی தமிழ் မြန်မာ Русский Deutsch 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands සිංහල ไทย دری Fulfulde Magyar Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių or Română Kinyarwanda Српски O‘zbek Moore नेपाली Malagasy тоҷикӣ Oromoo Wolof Soomaali Български Українська Azərbaycan ქართული bm Lingalaالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни појаснува дека е обврска да се отстрани каков било вид на штета, како од нас самите така и од другите. Не е дозволено никому да си направи штета, било себеси или на некој друг. И не е дозволено на направената штета да возврати со друга штета, бидејќи веќе направената штета нема да биде отстранета со другата штета, освен кога се извршува казна на одмаздување, без да се пречекори границата. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, потоа ја појаснил казната која му следува на тој што ќе им направи штета на другите, и дека ќе има потешкотии тој што им отежнува на другите.فوائد الحديث
Забрана да се возврати повеќе, освен со иста мера.
Аллах не им наредил на Своите робови нешто што би им наштетило.
Забрането е на другите да им правиме штета било со зборови, дела или со избегнување (да помогнеме).
Наградата ќе биде според делото, тој што прави штета Аллах ќе му возврати на ист начин, а кој ќе им отежне на другите, Аллах истото ќе му го направи.
Од шеријатските правила е:„Штетата се отстранува", исламското законодавство не поттикнува ниту одобрува правење штета.
التصنيفات
Фикхски и методолошки правила