„Сите од мојот умет ќе влезат во Џенетот, освен тие што ќе го одбијат тоа

„Сите од мојот умет ќе влезат во Џенетот, освен тие што ќе го одбијат тоа

Се пренесува од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Сите од мојот умет ќе влезат во Џенетот, освен тие што ќе го одбијат тоа. Го прашаа: О, Аллахов пратенику, а кој ќе го одбие тоа?' Тој одговори: ,Кој ќе ми се покори, ќе влезе во Џенетот, а тој што ќе ми биде непокорен, таквиот одбил.'".

[صحيح] [رواه البخاري]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ извести дека секој припадник на неговиот умет ќе влезе во Џенетот, освен тој што ќе се спротивстави! Асхабите, радијаллаху анхум, му рекоа: „А кој ќе се спротивстави, о, Аллахов пратенику?!” Тој им одговорил: „Кој му е покорен и го следи Пратеникот, алејхи селам, ќе влезе во Џенетот, а кој не му е покорен и се спротивставува на шеријатот, на таквиот човек му е забранет влезот во Џенетот поради неговите грди дела.“

فوائد الحديث

Послушноста кон Пратеникот, алејхи селам, е послушност кон Аллах. Исто така кој не му е послушен на Пратеникот не Му е послушен на Аллах.

Послушноста кон Аллаховиот пратеник, алејхи селам, е причина за влез во Џенетот, а непослушноста е причина за влез во Џехенемот

Ова е добра вест за припадниците на исламот кои му се послушни на Пратеникот. Сите тие ќе влезат во Џенетот, освен оние кои не се послушни на Аллах и Неговиот Пратеник.

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се сочувствуваше со својот умет, и се грижеше за нивното упатство.

التصنيفات

Пратеникот Мухамед, Божјиот мир и благослов нека се со него.