إعدادات العرض
Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Додека седевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во џамијата, влезе човек на камила, ја врза и праша: ,Кој од вас е Мухамед?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, седеше потпрен меѓу нас, и рековме: ,Овој, белиот човек кој седи потпрен.' Човекот му рече: ,О, сине на Абдул Муталиб.' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Ти се одзвивам.' Човекот рече: ,Имам прашање за тебе и ќе бидам строг и директен, па не лути се.' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Прашај што сакаш.' Човекот праша: ,Те колнам во твојот Господар и Господарот на тие пред тебе, дали Аллах те испрати до сите луѓе?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да.' Човекот продолжи: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да ги извршуваме петте дневни намази?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да го постиме овој месец во годината?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да земеш зекат од богатите и да го поделиш на сиромасите?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Човекот тогаш рече: ,Верувам во она со што си испратен. Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
الترجمة
العربية English မြန်မာ Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands اردو Español Bahasa Indonesia ئۇيغۇرچە বাংলা Türkçe Bosanski සිංහල हिन्दी Tiếng Việt Hausa മലയാളം తెలుగు Kiswahili ไทย پښتو অসমীয়া Shqip دری Ελληνικά Български Fulfulde Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek नेपाली Moore Kurdî Wolof Soomaali Français Oromoo Azərbaycan Tagalog Українська தமிழ் bm Deutsch ka Portuguêsالشرح
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, известува дека додека асхабите седеле со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, когаво џамијата, влегол човек на камила, ја врзал и прашал: Кој од вас е Мухамед? Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во моментот седел потпрен меѓу нив, и тие одговориле: ,Овој, белиот човек кој седи потпрен.' Па човекот рече: ,,О, сине на Абдул Муталиб." Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Те слушам, прашај, ќе ти одговорам.“ Човекот рече: „Ќе те прашам и ќе бидам директен и строг, па не лути се.“ Т.е. не лути се и нека не ти биде нелагодно. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Прашај што сакаш.“ Човекот праша: „Те колнам во твојот Господар и Господарот на тие пред тебе, дали Аллах те испрати до сите луѓе?“ Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Да, се колнам во Аллах.“ - Потврдувајќи ја со тоа вистинитоста на своите зборови. Потоа праша: „Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да ги извршуваме петте дневни намази?“ - Се мисли на петте фарз намази. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Да, се колнам во Аллах.“ Човекот продолжи: „Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да го постиме овој месец во годината?“ - Се мисли на постот во месецот рамазан. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Да, се колнам во Аллах.“ Потоа праша: „Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да земеш зекат од богатите и да го поделиш на сиромасите?“ - Се мисли на задолжителниот зекат. Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Да, се колнам во Аллах.“ Тогаш Димам го прифати исламот и го извести Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека ќе го повикува својот народ во исламот. Се претстави себеси дека е Димам бин Салебе, од племето Бени Сад бин Бекр.فوائد الحديث
Скромноста на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше толку голема што човекот не можеше да го разликува помеѓу неговите асхаби.
Убавиот карактер и благоста на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во неговите одговори укажуваа дека убавиот начин на давање одговори е една од причините за прифаќањето на пораката.
Дозволено е да се опишува човекот според неговите физички карактеристики, како белина, руменило, висина и нискост, ако тоа не се прави со намера да се навреди и ако тоа не му пречи.
Дозволено е неверник да влезе во џамијата по потреба.
Хаџот (аџилакот) не беше споменат во хадисот бидејќи можеби не бил задолжителен во моментот на разговорот.
Грижата на асхабите да ги повикуваат луѓето во исламот беше очигледна, бидејќи веднаш по неговото прифаќање на исламот, човекот се посвети на повикувањето на својот народ.