إعدادات العرض
Дали го слушаш езанот за намаз?‘ тој одговори потврдно, а Пратеникот му рече: ,Тогаш мора да се одѕвиеш.‘“
Дали го слушаш езанот за намаз?‘ тој одговори потврдно, а Пратеникот му рече: ,Тогаш мора да се одѕвиеш.‘“
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, раскажува: „Еден слеп човек дојде кај Пратеникот, алејхи селам, и му рече: ,Немам водич кој ќе ме води во џамија.“, и побара од Аллаховиот пратеник, алејхи селам, да му дозволи да се моли дома, па му дозволи. Меѓутоа, штом се сврте од него, го повика и го праша: ,Дали го слушаш езанот за намаз?‘ тој одговори потврдно, а Пратеникот му рече: ,Тогаш мора да се одѕвиеш.‘“
[صحيح] [رواه مسلم]
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو हिन्दी Tagalog 中文 বাংলা ئۇيغۇرچە Kurdî Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் မြန်မာ ไทย 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands සිංහල Hausa دری Magyar Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy Kinyarwanda नेपाली Română Српски Soomaali Deutsch Moore Українська Български Wolof Azərbaycan ქართული тоҷикӣ bmالشرح
Еден слеп човек дојде кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и му рече: „О Аллахов пратенику, немам кој да ми помогне да ме однесе во џамија кога е време да ги клањам петте молитви.“, барајќи со тоа да му олесни Пратеникот, алејхи селам, да не мора да клања во џемат и Пратеникот му го дозволи тоа, но кога човекот се свртел, Пратеникот го повикал и го прашал: „Дали го слушаш езанот за намаз?“ Откако слепиот одговорил потврдно, тој му наредил сепак да се одѕвие на повикот за намаз.فوائد الحديث
Намаз со џемат е обврска, бидејќи олеснување не се бара за работите кои не се облигатни.
Наредбата да се одѕвие тој што го слуша повикот за намаз укажува на обврска на намазот во џемат: бидејќи основата е дека наредбата укажува на обврската/облигатноста.