„Кога два муслимана ќе ги вкрстат меѓусебно сабјите, и убиецот и убиениот ќе бидат во Џехенемот

„Кога два муслимана ќе ги вкрстат меѓусебно сабјите, и убиецот и убиениот ќе бидат во Џехенемот

Од Ебу Бекрете, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога два муслимана ќе ги вкрстат меѓусебно сабјите, и убиецот и убиениот ќе бидат во Џехенемот." Кажав: "О, Аллахов пратенику, во ред за убиецот, но зошто и убиениот?" Рече: „И тој се трудеше да го убие својот пријател."

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил дека кога двајца муслимани ќе го вперат оружјето еден кон друг, секој со намера да го убие оној другиот, убиецот ќе биде казнет со Џехенемот заради тоа што го извршил убиството. На асхабот не му беше јасно околу убиениот: Зошто тој да биде во Џехенемот? Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му кажа дека и тој ќе биде казнет со Џехенемот затоа што се обидувал да го убие својот другар, тоа не го направил само затоа што овој другиот бил побрз (повешт) од него.

فوائد الحديث

Казната може да се заслужи кога одвнатре цврсто ќе решиме да направиме грев и ќе преземаме постапки кои водат до него.

Тешко предупредување за меѓусебното убивање на муслиманите и ветување со џехенемска казна.

Борба со причина помеѓу муслиманите не спаѓа во ова предупредување, како што е на пример: борбата против престапниците и тие што прават неред.

Тој што прави голем грев нема да се смета за неверник заради стореното дело: бидејќи Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги нарекол муслимани и убиецот и убиениот.

Кога два муслимана ќе се конфронтираат употребувајќи какво било орудие, и тогаш едниот го убие другиот, тогаш и убиецот и убиениот ќе бидат во Џехенемот. Спомнувањето на сабја во хадисот е само како пример.

التصنيفات

Дела на срцето, Осудување на гревовите