„Аллах не гледа во вашиот изглед и вашиот имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“

„Аллах не гледа во вашиот изглед и вашиот имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах не гледа во вашиот изглед и вашиот имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни појаснил дека Возвишениот Аллах не гледа во изгледот и физиономијата на Своите робови, дали се тие убави или не? Дали се тие големи или мали? Дали се тие здрави или болни? Ниту гледа во нивните имоти, дали се многубројни или мали? Возвишениот Аллах нема да бара одговорност од Своите робови, ниту ќе одговараат за овие работи, но ќе гледа во нивните срца и во тоа што има во нив: богобојазливост, цврсто верување, искреност и вистинољубие, или желба да бидеме видени и истакнати, исто така гледа во нивните дела, дали тие се исправни или неисправни, и според тоа ќе награди или казни.

فوائد الحديث

Грижа за добрината на срцето, и да биде чисто од каква било грда особина.

Исправноста на срцето е според искреноста, а исправноста на добрите дела е според следењето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и според овие две работи Аллах ќе ги вреднува делата.

Човекот не смее да биде занесен од неговиот имот, убавината на лицето или физиономијата, ниту било која овоземна манифестација.

Предупредување дека не смееме да се потпираме врз надворешното без претходно да ја поправиме внатрешната искреност.

التصنيفات

Тевхид на Аллаховите имиња и атрибути, Дела на срцето