„Аллаху мој, кој ќе прифати некоја одговорност кон луѓето во мојот умет а потоа им отежне, па и Ти отежни му, а кој ќе прифати некаква одговорност кон луѓето во мојот…

„Аллаху мој, кој ќе прифати некоја одговорност кон луѓето во мојот умет а потоа им отежне, па и Ти отежни му, а кој ќе прифати некаква одговорност кон луѓето во мојот умет па им олесни и Ти олесни му

Се пренесува дека Аиша, радијаллаху анха, кажала: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, како во оваа моја куќа вели: „Аллаху мој, кој ќе прифати некоја одговорност кон луѓето во мојот умет а потоа им отежне, па и Ти отежни му, а кој ќе прифати некаква одговорност кон луѓето во мојот умет па им олесни и Ти олесни му."

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, упатил дова против оној кој ќе преземе одговорност за некои работи на муслиманите, големи или мали, без оглед дали се однесува за некои општи или специфични работи, а потоа им отежнува и не им ги олеснува работите. Таквиот Аллах да го казни со иста мерка и да му отежне како што тој им направил на муслиманите. А тој што ќе им ја олесни работата, и нему Аллах нека му ги олесни работите.

فوائد الحديث

Обврска е на тие што презеле некаква одговорна позиција меѓу муслиманите да бидат сочуствителни со нив, онолку колку се во можност.

Наградата е според направеното дело

Мерило според кое го оценуваме олеснувањето и отежнувањето кон другите, е тоа кое не е спротивставено со Куранот и Сунетот.

التصنيفات

Услови на воспоставување на власт, Сочувството на Божјиот пратеник кон другите