إعدادات العرض
1- „Нека биде понижен човекот кому ќе му биде спомнато моето име, и нема да испрати салават врз мене. Нека биде понижен човекот што ќе го дочека месецот рамазан, и нема да му биде простено до неговиот крај. И нека биде понижен човекот чии родители ќе ја доживеат староста кај него, а тој преку нив нема да го заслужи Џенетот.“
2- „Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“
3- „Сите срца на потомците на Адем се меѓу два прста од прстите на Милостивиот – како едно срце – и Тој ги насочува како што сака.“
4- „Аллах нека го осветли лицето на оној што ќе чуе нешто од нас, па тоа го пренесе онака како што го слушнал. Можеби оној кому му го пренел – подобро ќе го разбере од оној што го чул.“
5- ,Ќе го добиеш сето што го посака – и уште толку покрај тоа.‘“
6- „Навистина, верникот во Џенетот ќе има шатор од една шуплива бисерна школка, долг шеесет милји. Во него ќе има свои семејства, и тој ќе ги посетува, а едните со другите нема да се гледаат.“
7- „Возвишениот Аллах вели: ,За Моите добри робови подготвив нешто што ниту око видело, ниту уво чуло, ниту некому некогаш му дошло на ум.‘“
8- „Тој не беше непристоен, ниту груб во говорот; не викаше по пазарите, не враќаше зло со зло – туку простуваше и преминуваше преку направената грашка.“
9- Гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – ако човекот се спаси од него, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.‘“
10- „Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘ Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“
11- „Првата група што ќе влезе во Џенетот ќе бидат со лица светли како полна месечина. А оние што ќе дојдат по нив – ќе светат како најсјајната ѕвезда на небото
12- Затоа, кога ќе го молите Аллах – барајте Фирдевс!“
13- „Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив
14- „Кој ќе рече: ,Задоволен сум со Аллах како Господар, со исламот како вера и со Мухамед како пратеник‘ – нему му е загарантиран Џенетот.“
15- „Кој ќе се фрли од планина и со тоа ќе се убие – ќе паѓа во џехенемскиот Оган, вечно престојувајќи во него
16- „,Заколнете се дека никого нема да го сметате за рамен на Аллах (нема да правите ширк) нема да крадете, нема да вршите прељуба
17- „Исламот започна како нешто туѓо, и повторно ќе се врати како туѓ – како што започна. Затоа, блазе им на оние што ќе бидат туѓинци.“
18- „Чувајте се од потценетите (наизглед мали) гревови
19- „Пратен сум со потполни моралните одлики.“
20- „Седуммина ќе бидат под Аллаховата сенка на Денот кога нема да има друга сенка освен Неговата
21- „Кој и да му рече на својот брат: ,О, невернику!‘, на едниот од нив му се враќа таа изрека. Ако навистина е таков како што рекол – тогаш тоа важи за него; а ако не е – тогаш му се враќа на оној што тоа го кажал.“
22- „Возвишениот Аллах вели: ,Ме навредува синот на Адем кога го пцуе времето – а Јас сум Времето: во Мојата рака е управувањето со сите работи; Јас ги сменувам ноќта и денот.‘“